„Два во еден“: Барнли со пресврт до прва победа после три месеци! (ФОТО, ВИДЕО)

Во првиот натпревар од саботната програма на 29. коло во Премиерлигата…

Составот на Барнли со 2:1 на домашен терен го совлада Евертон на „Турф Мур“ стадионот.

Гостите водеа со првенецот на турскиот интернационалец во најсилното англиско првенство во 20. минута од средбата.

Целосен пресврт домаќините направија во второто полувреме благодарение на погодоците на Барнс (56. мин.) и Вуд (80. мин.)

Уште повеќе се отежна задачата на избраниците на менаџерот Алардајс да извлечат поволен резултат, откако црвен картон во 86. мин. доби Вилијамс.

Барнли после 10. триумф сезонава е на седмото место со 40 бодови, шест повеќе од Евертон кој се наоѓа на деветтата позиција.

Исто така покрај головите и најинтересните моменти, дознајте кои се најдобрите стрелци од Турција во Премиерлигата:

Бёрнли – Эвертон. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 29 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.