Дортмунд сака да го откупи договорот на Батшуаији

Борусија Дортмунд очигледно ќе се обиде да го обезбеди потписот на Миши Батшуаији од Челзи ова лето.

Како и да е, „Дејли Мејл“ пренесува дека ќе бидат потребни 50. милиони фунти за неговиот договор како позајмица да биде целосно откупен.

Според информациите барањето на Дортмунд да се вклучи опцијата да го купи напаѓачот како дел од позајмицата беше одбиено од Челзи во Јануари.

Досега во дресот на „милионерите“ во 2018. година има учинок од 10. одиграни натпревари и седум реализирани голови.