Донарума: Ужасна ноќ, не бев принуден на нов договор!

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума денеска се огласи на социјалните мрежи, еден ден после навредите од страна на навивачите на „росонерите“ на Куп натпреварот против Верона.

После многу шпекулации, во летниот период потпиша нов договор со клубот од „Сан Сиро“, а неодамна излезе приказна дека неговиот менаџер, контроверзниот Мино Рајола, ќе го тужи славниот клуб, бидејќи наводно го измамил младиот чувар на мрежата.

Се говореше дека Милан употребил „психолошки притисок“ и „морално насилство“ при потпишувањето на новиот договор, што навивачите на клубот од северот на Италија, кои од претходно се насочиле сериозно кон Донарума, додатно ги разлути.

Голманот на Милан се најде на удар од своите навивачи после изјавата дека новиот договор со клубот го потпишал под психолошки притисок.

Неговиот агент Мино Рајола подготвил тужба против „росонерите“ и бара раскин на договорот. Таа вест ги налути навивачите на Милан кои испратија порака, односно покажаа транспарент на трибините велејќи:

Психолошко насилство ли се шест милиони евра по сезона и договор за братот паразит? Сега е доста, оди си!“.

Пораката и скандирањето на навивачите тешко го погоди Донарума кој во солзи го напушти теренот. На социјалните мрежу се појави и видео снимка од соблекувалната каде што искусниот Леонардо Бонучи го бодреше својот 18-годишен голман.

Интерес за Донарума кој има договор до 30. јуни 2021. година покажал Јувентус, ПСЖ, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Рајола и генералниот директор на „росонерите“, Марко Фасоне, работат на излезната клаузула која би требало да изнесува 40 милиони евра, а доколку порасне незадоволството постои веројатност голманот да си замине уште во јануари.