Денеска ждрепка за Светското првенство во Русија 2018

Денеска со почеток од 16:00 часот по македонско време ќе започне ждрепката за извлекување на групите за Светското првенство во Русија кое што ќе се одржи наредната година (14. јуни-15. јули 2018)

Според најавите на церемонијата во Москва се очекува да присуствува и рускиот претседател, Владимир Путин.

Исто така, се очекува да приствуваат и голем број на фудбалски великани, како Роналдо, Роналдињо, Пеле, Уго Санчес, Дидие Дрогба, Самуел Етo`о, Питер Шмајхел, Нвакнво Кану, Фернандо Јеро, Дејвид Симан, Рене Игита, Карлос Валдерама, Кларенс Сидорф, Збигниев Бониек, итн.

Водители на церемонијата ќе бидат легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер и руската спортска новинарка Марија Команднаја.

Во делот на процесот околу ждребувањето ќе помогнат Никита Симоњан, Лорен Блан, Гордон Бенкс, Фабио Канаваро, Кафу, Диего Марадона, Карлес Пујол и Диего Форлан.

Мундијалот ќе се игра во градовите Москва, Калининград, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижњи Новгород, Самара, Саранск, Ростов, Сочи и Екатеринбург.

СП ќе започне на 14. јуни на стадионот „Лужњики“ во кој ќе игра домаќинот Русија, а на истото место ќе се одигра и големото финале на 15. јули 2018 год.

Шешир 1: Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција.

Шешир 2: Шпанија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај, Перу, Швајцарија, Хрватска.

Шешир 3: Шведска, Данска, Исланд, Костарика, Тунис, Египет, Иран, Сенегал.

Шешир 4: Србија, Нигерија, Јапонија, Панама, Мароко, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Австралија.