Денеска го слави 36 роденден: Најдобрите 35 моменти на Златан Ибрахимовиќ! (ВИДЕО)

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед денеска го слави својот 36 роденден.

Еден голем мајстор на фудбалската игра, Златан Ибрахимовиќ, денеска наполни 36 години и така стана еден од постарите фудбалери кои се активни во најспоредната работа на светот.

Во својата богата професионална кариера популарниот „Ибра“ има 723 одиграни натпревари, 420 голови и 31 освоен трофеј.

Во видео прилогот кој го направи „Еуроспорт“ се наоѓаат најдобрите 35 моменти во кариерата на шведскиот интернационалец.