„Дејли Експрес“: Флорентино Перез со пет премиерлигашки желби!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез според „Дајли Експрес“ е во голема акција да го освежи „кралскиот“ клуб наредната 2018. година.

Ваквите шпекулации излегуваат после поразот во Лигата на шампионите на гостувањето кај Тотенхем и моменталното трето место во Примера, односно заостанувањето од минус осум бодови зад лидерот Барселона.

Перез има вкупно пет „таргети“ и тоа од Премиерлигата, тие се: Хуан Мата (Манчестер Јунајтед), Алексис Санчез (Арсенал), Златан Ибрахимовиќ (Манчестер Јунајтед), Андер Ерера (Манчестер Јунајтед) и Емре Чан (Ливерпул).