Давид Силва го продолжи договорот со Манчестер Сити

Официјално Давид Силва потпиша нов договор на една година со Манчестер Сити.

Шпансикиот интернационалец ќе ги брани боите на составот од „Етихад“ со 2020. година.

Среќен сум што останувам во Сити, горд сум на она што го постигнав во дресот на „граѓаните“ во моите досегашните седум и пол години и со Гвардиола на клупата.

Мислам дека сме во добра позиција да освојуваме трофеи оваа сезона и пошироко“, вели 31-годишниот играч на Манчестер Сити, Силва.

Досега со Сити имаше вкупно 234 натпревари и 40 голови, по два трофеи од Премиерлигата и Лига купот, и по еден од ФА Купот и Комјунити Шилд.