Давид Луиз преговара со Реал Мадрид, во игра 40.000.000 евра!

Трансферот е извесен веќе во јануари, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, започна со процесот на ангажман на Давид Луиз од Челзи.

Тренерот на „кралскиот“ клуб Зинедин Зидан ја информираше управата дека му е неопходно засилување на позицијата стопер во текот на зимскиот преоден рок, а по се изгледа Бразилецот е идеална опција.

Одбранбениот играч на Челзи е во лоши односи со својот тренер Антонио Конте, бидејќи не е задоволен од статусот кој го има на „Стемфорд Бриџ“.

30-годишниот дефанзивец во Премиерлигата досега сезонава има осум настап и еден реализиран гол во домашниот пораз од Барнли (2:3.

После поразот од Рома на натпреварот во Лигата на шампионите, италијанскиот стручњак го отстрани од тимот, што само уште повеќе ги влоши односите.

Од друга страна, на Зидан сака да ја засили својата екипа на позицијата централен бек, односно му е неопходна замена за Рамос и Варан.

Реал Мадрид моментно заостанува осум бода зад водечката Барселона во Примера и ќе мора нешто да направи во зимскиот период на фудбалскиот пазар ако сака на крајот од сезоната да се закити со нов трофеј во најквалитетната шпанска лига.