Данска ќе игра во баражот, а Шкотите веќе 20 години без Мундијал! (ВИДЕО)

Се одиграа нови натпревари од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 год. во европската зона.

Во групата Ф Англија без пораз го заврши циклусот откако во Литванија го забележа и осмиот триумф (0:1) со голот на Кејн од пенал во 27. минута од средбата.

Шкотска иако водеше после првото полувреме во Љубљана со 0:1 со голот на Грифитс, сепак не успеа да го задржи водството и на крајот одигра реми 2:2 против Словенците.

Домаќините направија целосен пресврт благодарение на Безјак, а гостите дојдоа до израмнување во 88. минута преку Снодграс.

Шкотите на тој начин не обезбеди бараж преку кој ќе се надеваат на учество на Мундијалот каде што последен пат беа дел далечната 1998 год., односно тоа значи дека 20 години се веќе без настап на светските шампионати.

Словачка освои три важни бодови дома во Трнава со 3:0 (два голови на Немец, еден на Дуда) против Малта и дојде до второто место, но сеуште не доволно за бараж, бидејќи треба да ги чекаат резултатите од другите групи, па биде помеѓу оние осум селекции на таа мини табела каде што моментно ја седмата позиција.

Во групата Е Полска обезбеди настап на СП откако со 4:2 во Варшава ја совлада Црна Гора за прво место, додека второто и припадна на Данска која одигра нерешено пред своите гледачи со Романија (1:1).

Квалификации СП Русија 2018

Резултати:

Група Е

Полска-Црна Гора 4:2
Данска-Романија 1:1
Казахстан-Ерменија 1:1

Конечна табела:

1.Полска 25 бодови
2.Данска 20
3.Црна Гора 16
4.Романија 13
5.Ерменија 7
6.Казахстан 3

Група Ф

Литванија-Англија 0:1
Словачка-Малта 3:0
Словенија-Шкотска 2:2

Конечна табела:

1.Англија 26 бодови
2.Словачка 18
3.Шкотска 18
4.Словенија 15
5.Литванија 6
6.Малта 1

Словения – Шотландия 2:2. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.