Дали се согласувате: Најлошите засилувања во 2017 година!

Понекогаш ќе се погоди вистинското засилување, а понекогаш ќе се направи целосна „утка“…

Објавена е една листа на играчи кои не ги оправдаа вложените пари, а помеѓу нив се наоѓа и францускиот интернационалец Патрис Евра.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, на почетокот од ноември доби седум месеци суспензија од УЕФА поради удирање на навивач крај аут линијата на дуелот од Лига Европа помеѓу сега веќе екс-клуб Марсеј против Гимараеш од Португалија, а воедно доби и парична казна од 10.000 илјади евра, а Марсеј 25.000 и една од причините зошто доби отказ.

Секако ова е лош крај на кариерата за Евра, а да видиме во продолжение кои се најлошите фудбалски засилувања во 2017. година:

Ренато Санчес (Свонси)
Весли Снајдер (Ница)

Беноа Костил (Бордо)
Патрис Евра (Марсеј)

Карлос Тевез (Шангај Шенхуа)
Ришедли Базур (Волфсбург)

Лукас Биглија (Милан)
Андре Силва (Милан)

Хесе Родригез (Стоук)
Леонардо Паволети (Наполи/Каљари)

Гилфи Сигурдсон (Евертон)
Емре Мор (Селта Виго)

Папе Чеих Диоп (Лион)
Грегори Сертик (Марсеј)

Нолито (Севиља)
Антонио Касано (Верона)
Николас Де Превил (Бордо)