Дали Ливерпул ја пронајде замената за Кутињо?

Според британските медиуми, Ливерпул веќе има желба доколку си замине една од неговите први ѕвезди.

Играчот на Вест Хем, Мануел Ланцини е првата опција на Редси да го замени Филипе Кутињо.

Да потсетиме, за бразилскиот интернационалец веќе долг период се поврзува со трансфер во Барселона.

Од 2016-та год. аргентинскиот фудбалер за врска во нападот има 48 натпревари и девет голови за „чеканите“.

Пред да дојде во Англија, настапуваше уште за Ривер Плата, Флуминенсе и Ал Џазира Клуб, а има и две средби за аргентинската репрезентација.