Дали е пронајдена замената за Гризман во Атлетико Мадрид?

Пјер-Емерик Обамејанг би можел да го замени Антоан Гризман во Атлетико Мадрид.

Интернационалецот од Габон говореше за француските медиуми: „Секој знае дека тие бараат играчи ширум светот, мислам дека Гризман би можел да си замине и многу нешта би можеле да се случат, се е можно“.

Обамејанг воедно инсистираше дека не потпишал нов договор со Борусија Дортмунд.

Не сум потпишал нов договор со Дортмунд, тоа не е вистина. Фудбалскиот пазар е отворен исто така и за мене“.

Од претходно Гризман (заедно со Филипе Кутињо од Ливерпул) се поврзува со трансфер во редовите на Барселона.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-АРСЕНАЛ ВОДИ ВО ТРКАТА ЗА ПОТПИСОТ НА ЛЕОН БЕЈЛИ?

Арсенал води во трката за Леон Бејли од Баер Леверкузен. Според „Мирор“, „топчиите“ го следеа 20-годишниот играч двапати минатата седмица и можен е трансфер во јануари. За него заинтересирани се уште Челзи и Манчестер Јунајтед.

-МАНЧЕСТЕР СИТИ ПОКАЖУВА ИНТЕРЕС ЗА ФРЕД?

Манчестер Сити покажува интерес за Фред од Шахтјор Доњецк. Според британските медиуми, Пеп Гвардиола е импресиониран од 2-4-годишниот играч во дуелот од ЛШ каде што украинските шампиони го совладаа Сити. Исто така, „граѓаните“ ги насочуваат и погледите кон Јулиан Вајгл (Борусија Дортмунд).