Дали Арсенал ја пронајде замената за Санчез?

Според британските медиуми пронајдена е замената за Алексис Санчез на „Емирати“.

Вчера чилеанскиот интернационалец не беше во составот на Арсенал за новиот премиерлигашки натпревар во гостинскиот пораз кај Борнмут (2:1).

Така одлучи менаџерот Арсен Венгер, а на големо се шпекулира дека најголемата ѕвезда на „топчиите“ се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Исто така, според информациите можно е досегашниот играч и еден од најдобрите стрелци на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг да се пресели во Арсенал за 60 милиони евра.