„Црвените ѓаволи“ мислат на иднината, договор за вундеркид (ВИДЕО)

Денеска се реализираше потпис во Манчестер Јунајтед.

17-годишниот Арнау Пуигмал Мартинез потпиша професионален договор со „црвените ѓаволи“.

Овој тинејџер дојде во младинскиот погодок од Еспањол, на дебито се претстави со гол од слободен удар против Њукасл.

Одлично се покажа, го оправда епитетот голем талент, па за неговиот роденден беше награден со нов договор, најмногу благодарение на раководителот на академијата и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Ники Бат.

Тој е четвртиот фудбалер од У18 тимот на Јунајтед кој оваа сезона доби професионален договор после Алиу Траоре, Еидан Барлоу и Анхел Гомез.