Челзи против Манчестер Јунајтед на „Вембли“ за трофејот во ФА Купот! (ФОТО, ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи се пласираа денеска во финалето од англискиот фудбалски ФА Куп…

Во полуфиналето на „Вембли“ стадионот во Лондон, „сините“ со резултат 2:0 го елиминираа Саутемптон.

Избраниците на менаџерот Антонио Конте поведоа во 46. минута со голот на Оливие Жиру, а триумфот го обезбеди Алваро Мората во 82. минута. Шпанецот две минути претходно влезе на теренот како замена за францускиот интернационалец.

Челзи во финалето на 19. мај за титулата ќе игра против екипата на Манчестер Јунајтед кој во првото полуфинале го совлада Тотенхем (2:1).

Уште еден интересен податок, во финалната битка на „Вембли“ повторно ќе се сретнат Жиру и Алексис Санчез. Потсетување, тие заедно додека беа во дресот на Арсенал во 2015. и 2017. го освоија трофејот токму во ова натпреварување, а сега оваа година ќе играат помеѓу нив и само еден ќе има победник.

Челси – Саутгемптон. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.