Челзи не сака во Лига Европа, ја продолжува борбата за ЛШ! (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа два нови натпревари од најсилното англиско фудбалско првенство…

Составот на Челзи триумфираше на гостувањето кај Барнли со конечен резултат 1:2. Така, запрена е серијата на тимот на Шон Дајч од пет победи во низа.

После првото полувреме водеа лондонските „сини“ со автоголот на Лонг во 20. мин. од средбата. Потоа, во вториот дел домаќините израмнија преку Барнс, а пет минути подоцна (69.) конечниот епилог го постави Мозес.

На тој начин избраниците на италијанскиот менаџер Антонио Конте ја продолжуваат борбата за една од позициите кои водат во Лигата на шампионите, но засега се на петтото место кое пак води во групите на Лига Европа наредната сезона.

Воедно уште еден интересен податок, Конте го имаше 100. натпревар на клупата на Челзи во сите натпреварувања, со учинок од 65 победи, 19 порази, 16 нерешени и еден трофеј. Единствено Жозе Мурињо како менаџер на Челзи има повеќе триумфи вкупно 72.

Да додадеме уште дека Лестер пред своите гледачи одигра без голови 0:0 против Саутемптон кој останува во опасната зона за испаѓање.

Бёрнли – Челси. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 31 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.