Чех го спаси Арсенал од дебакл, Агуеро си играше „покер“ со Лестер! (ВИДЕО)

Се одиграа шест натпревари в сабота во рамките од 27. коло во Премиерлигата…

Манчестер Сити дојде до уште една убедлива победа дома над Лестер со резултат 5:1, иако на полувремето беше нерешено (1:1).

Стерлинг ги израдува „граѓаните“ со водство уште во третата минута, а израмни Варди во 24. минута од средбата на „Етихад“ стадионот.

Следуваше вистинско гол-шоу во второто полувреме каде што аргентинскиот интернационалец Агуеро четири пати се запиша во листата на стрелците (48, 53, 77, 90 мин.)

Во дербито Тотенхем на „Вембли“ минимално со 1:0 беше подобар од Арсенал со голот на Кејн на стартот од вториот дел после асистенцијата на Дејвис.

Премиерлига, 27. коло

Сабота, резултати:

Тотенхем-Арсенал 1:0
Евертон-Кристал Палас 3:1
Стоук-Брајтон 1:1
Свонси-Барнли 1:0
Вест Хем-Вотфорд 2:0
Манчестер Сити-Лестер 5:1

Табела:

1.Манчестер Сити 72 бодови
2.Манчестер Јунајтед 56
3.Тотенхем 52
4.Ливерпул 51
5.Челзи 50

18.Стоук 25
19.Хадерсфилд 24
20.ВБА 20

Манчестер Сити – Лестер. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 27 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Тоттенхэм – Арсенал. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 27 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.