Бундеслига: Само „чудо“ може да го спаси Келн од испаѓање! (ФОТО, ВИДЕО)

Денеска со последните два натпревари се комплетираше и 31. коло во најсилното германско фудбалско првенство…

Келн на домашен терен и покрај негативата од 0:2, на крајот успеа да извлече значаен бод во битката за опстанок.

Од безбедната зона популарните „јарци“ ги делат осум бодови на три кола до крајот на сезоната, односно им остануваат уште мечевите со Фрајбург (гости), Баерн Минхен (дома) и Волфсбург (гости).

Во вториот неделен дуел Аугсбург на домашен терен со резултат 2:0 со головите на Грегорич и Финбогасон успеа да го совлада Мајнц.

На табелата Шалке останува второпласиран со 56 бодови, потоа Аугсбург после 10. победа оваа сезона е на 11. позиција со 40, Мајнц е на 15-то со 30, додека Келн е на дното со 22.

Кельн – Шальке. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.