Бундеслига: Шалке подобар од Борусија, реми на Лајпциг и Вердер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шалје ја совладаа Борусија од Дортмунд во борбата за второто место со 2:0 во мечот од 30. коло на Бундеслигата.

Стрелци на головите за домашниот состав беа Конопљанка во 50-та и Налдо во 82. мин. после двете асистенции на Калигури на стадионот во Гелзенкирхен.

Останува под знак прашалник и понатаму учеството на „милионерите“ во ЛШ, а Лајпциг не успеа да го искористи нивниот пораз, откако одигра само нерешено 1:1 на гостувањето кај Вердер Бремен.

На табелата шампионот Баерн е на првото место со 75 бодови, втор е Шалке (55), а по 51 имаат Леверкузен и Дортмунд. На петтата позиција е Лајпциг со 47 бодови, еден повеќе од Хофенхајм.

Шальке – Боруссия Д. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.