Бундеслига: Робен испиша историја, Баерн го доби дербито против Дортмунд! (ВИДЕО)

Баерн во најголемото германско дерби во Дортмунд ја совлада Борусија со 3:1 за моментно прво место на табелата во Бундеслигата.

Во 17. минута Арјен Робен му донесе на баварскиот гигант предност, а Холанѓанецот со својот 93. гол во Бундеслигата е најефикасниот странец во историјата на ова натпреварување.

Зголеми Левандовски 20. минути подоцна, потоа во вториот дел за 3:0 се погрижи Алаба, а поразот на „милионерите“ го ублажи Бартра.

Водечкиот Баерн сега има 26 бодови, четири поеќе од второпласираниот Лајпциг, а шест од третопласираната екипа на Борусија Дортмунд.

Бундеслига, 11. коло

Аугсбург-Баер Леверкузен 1:1
Фрајбург-Шалке 0:1
Хамбургер-Штутгарт 3:1
Борусија Менхенгладбах-Мајнц 1:1
Лајпциг-Хановер 2:1
Борусија Дортмунд-Баерн Минхен 1:3

Табела:

1.Баерн Минхен 26 бодови
2.Лајпциг 22
3.Борусија Дортмунд 20
4.Шалке 20
5.Хановер 18
6.Ајнтрахт Франкфурт 18

16.Фрајбург 8
17.Вердер Бремен 5
18.Келн 2

Бopyccия Д – Баваpия от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.