Бундеслига: Мини-криза во Леверкузен, Штутгарт се бори за Европа! (ВИДЕО)

Се одиграа вкупно шест натпревар во саботата од 32. коло во најсилното германско фудбалско првенство…

Штутгарт ги продолжува шансите за настап на меѓународната сцена наредната натпреварувачка сезона 2018/19.

Избраниците на тренерот Коркут минимално со конечен резултат 0:1 успеаја да слават против подоброрангираниот Баер Леверкузен.

Единствениот погодок на „БајАрена“ се случи во 67. мин. од средбата кога стрелаше Гентнер после асистенцијата на Аого.

Домаќините претходно во првото полувреме, поточно во 16. мин. не реализираа пенал преку аргентинскиот интернационалец Аларио.

Ова е деветти пораз за Баер, втор по ред и направи чекор назад во борбата за позициите кои водат во ЛШ и моментно е на петтото место кое води во Лига Европа, а Штутгарт е на осмата позиција со 45 бодови, само два помалку од шестопласираниот Лајпциг кој засега има квалификации за ЛЕ.

Бундеслига, 32. коло (резултати)  –

Сабота:

Баерн-Франкфурт 4:1
Фрајбург-Келн 3:2
Херта-Аугсбург 2:2
Шалке-Менхенгладбах 1:1
Волфсбург-Хамбургер 1:3
Леверкузен-Штутгарт 0:1

Недела:

Мајнц-Лајпциг 3:0
Бремен-Дортмунд 1:1

Табела:

1.Баерн 81 бод
2.Шалке 57
3.Дортмунд 55
4.Хофенхајм 52
5.Леверкузен 51
6.Лајпциг 47

16.Мајнц 30
17.Хамбургер 28
18.Келн 22

Байер – Штутгарт. Обзор матча. Германия. Бундеслига 2017/18. 32 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.