Бундеслига: Лајпциг прв пат во историјата го совлада Баерн Минхен! (ВИДЕО)

В недела се одиграа уште три натпревари од 27. коло во најсилното германско фудбалско првенство…

Бранителот на титулата Баерн Минхен го претрпе третиот пораз сезонава на гостувањето кај Лајпциг со 2:1.

Но, баварскиот гигант и понатаму е на врвот далеку пред своите конкуренти и само се одложува неговото прославување на одбрана на титулата.

Баерн поведе во 12. минута преку Вагнер, но домаќините направија целосен пресврт благодарение на Кеита (37.) и Вернер (56.)

Интересен е податокот што Лајпциг за прв пат во историјата го совлада Баерн во било кое фудбалско натпреварување.

Бундеслига, 27. коло

Недела, резултати:

Борусија Дортмунд-Хановер 1:0
Келн-Баер Леверкузен 2:0
Лајпциг-Баерн Минхен 2:1

Табела:

1.Баерн Минхен 66 бодови
2.Шалке 49
3.Борусија Дортмунд 48
4.Ајнтрахт Франкфурт 45
5.Баер Леверкузен 44
6.Лајпциг 43

16.Мајнц 25
17.Келн 20
18.Хамбургер 18