Бундеслига: Келн „закован“ на дното, а што се случува со Баерн Минхен? (ВИДЕО)

Се комплетираше седмото коло од најсилното германско фудбалско првенство…

Екипата на Келн и понатаму не може сезонава да дојде до првиот триумф, откако пред своите гледачи со 1:2 загуби од Лајпциг.

Поведоа гостите со голот на Клостерман после половина час игра, зголеми Поулсен во 80-та, а 120 секунди подоцна шестиот пораз на домаќините го ублажи Осако.

Бранителот на титулата Баерн веќе втор меч по ред не знае за победа, откако на гости одигра само реми против Херта. Да потсетиме, после изненадувачкиот пораз од 3:0 во ЛШ од ПСЖ, отказ доби Карло Анчелоти, а на клупата привремено решение е Вили Сањол.

Иако водеше баварскиот гигант со погодоците на Хумелс и Левандовски, тимот од Берлин дојде до бод благодарение на Дуда и Калу.

Бундеслига, 7. коло

Недела (резултати):

Фрајбург-Хофенхајм 3:2
Херта-Баерн 2:2
Келн-Лајпциг 1:2

Табела:

1.Дортмунд 19 бодови
2.Баерн 14
3.Хофенхајм 14
4.Лајпциг 13
5.Хановер 12
6.Аугсбург 11

Герта – Бавария от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.