Бундеслига: Далеку од дерби на Алијанц, „милионерите“ банкротираа во Минхен! (ВИДЕО)

Баерн Минхен може и дефинитивно да слави нова шампионска титула во најсилната германска фудбалска лига…

Иако беше најавено како дерби, баварскиот гигант покажа уште еднаш зошто е шампион во Бундеслигата.

На „Алијанц“ Арената против Борусија Дортмунд триумфираа избраниците на тренерот Јуп Хејнкес со конечен резултат 6:0.

Се беше решено уште во првото полувреме кога домаќинот постигна дури пет голови, Левандовски запиша два голови, по еден Родригез, Милер и Рибери. Полската ѕвезда Левандовски во 87. минута го комплетираше својот хет-трик на дуелот.

Бундеслига, 28. коло

Сабота:

Хановер-Лајпциг 2:3
Хофенхајм-Келн 6:0
Баер Леверкузен-Агусбург 0:0
Шалке-Фрајбург 2:0
Штутгарт-Хамбургер 1:1
Баерн Минхен-Борусија Дортмунд 6:0

Херта Берлин-Волфсбург 0:0

Недела:

Вердер Бремен-Ајнтрахт Франкфурт 2:1
Мајнц-Борусија Менхенгладбах 0:0

Табела:

1.Баерн Минхен 69 бодови
2.Шалке 52
3.Борусија Дортмунд 48
4.Лајпциг 46
5.Баер Леверкузен 45
6.Ајнтрахт Франкфурт 45

16.Мајнц 26
17.Келн 20
18.Хамбургер 19

Бавария – Боруссия Д | Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.