Бундеслига: Брума и Вернер го враќаат Лајпциг во битката за ЛШ! (ВИДЕО)

Се одиграа шест натпревари денеска од 18. коло во најсилното германско фудбалско првенство…

Составот на Лајпциг по подолго време им се врати на победите, откако на домашен терен со 3:1 го совлада Шалке.

Откако најпрвин не реализираа пенал преку Огустен во 37-та, четири минути подоцна домаќините дојдоа до водство преку Кеита.

Израмни Налдо кај гостите во 55-та, а Вернер и Брума за период од две минути (69. и 71.) го обезбедија деветтиот триумф сезонава, а четврти пораз за избраниците на тренерот Тедеско.

На останатите дуели: Аугсбург-Хамбургер 1:0, Вердер Бремен-Хофенхајм 1:1, Ајнтрахт Франкфурт-Фрајбург 1:1, Хановер-Мајнц 3:2, Штутгарт-Херта Берлин 1:0.

Табела:

1.Баерн Минхен 44 бодови
2.Лајпциг 31
3.Шалке 30
4.Борусија Дортмунд 28
5.Баер Леверкузен 28
6.Борусија Менхенгладбах 28

16.Вердер Бремен 16
17.Хамбургер 15
18.Келн 6