Бундеслига: Баерн броеше до шест, Аугсбург ја спаси честа на гостите! (ВИДЕО)

Баерн немилосрдно „гази“ се пред себе и чекори кон нова шампионска титула…

Во 26. коло од најсилното германско фудбалско првенство гигантот од Минхен дома го декласираше Хамбургер со 6:0.

Полскиот интернационалец забележа хет-трик, иако многу лесно можеше да запише и четири погодоци, но во 86. минута Полјакот не реализираше пенал.

Во голеадата на баварскиот состав се придружија Рибери и Робен за вкупно 21. победа сезонава, а Хамбургер со 16. пораз и понатаму води очајна битка за опстанок во Бундеслигата.

Во саботната програма единствено Аугсбург славеше гостински триумф кај Хановер со 1:3, Грегорич забележа два гола, еден Качар, а кај домаќините Сане успеа само да израмни во 37. минута од средбата на „ХДИ-Арената“.

Бундеслига, 26. коло, останати резултати: Хановер-Аугсбург 1:3, Херта-Фрајбург 0:0, Хофенхајм-Волфсбург 3:0, Леверкузен-Менхенгладбах 2:0.

Табела: Баерн 66 бодови, Шалке 46, Леверкузен 44, Дортмунд 42, Франкфурт 42, Лајпциг 39…