Бундеслига: Ајнтрахт Франкфурт го продолжува сонот Лига на шампиони! (ВИДЕО)

Во саботната програма од 27. коло беа одиграни пет натпревари во најсилното германско фудбалско првенство…

Ајнтрахт Франкфурт ја продолжуба успешната серија на резултати оваа сезона и изненадувачки се наоѓа во трката за една од позициите кои водат наредната сезона директно во групната фаза на Лигата на шампионите.

Денеска на домашен терен составот предводен од хрватскиот тренер Ковач со убедлив резултат 3:0 го совлада Мајнц. Мечот беше решен уште во првото полувреме кога во листата на стрелците се запишаа Боатенг, Јовиќ и Ребиќ.

На другите средби беа постигнати следните резултати: Аугсбург-Вердер Бремен 1:3, Хамбургер-Херта Берлин 1:2, Борусија Менхенгладбах-Хофенахјм 3:3, Волфсбург-Шалке 0:1.