Буфон се врати и одбрани пенал, Јуве на чекор од финале во италијанскиот Куп! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус ја совладаа Аталанта во Бергамо во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија – 0:1 (0:1).

Единствениот стрелец на голот за „Старата дама“ на ова гостување беше аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин уште во третата минута.

Домаќинот имаше голема шанса да израмни кон средината на првото полувреме, но Алехандро Гомез не реализираше пенал. Поточно, неговиот удар од белата точка“ го одбрани Џанлуиџи Буфон.

На тој начин легендарниот голман го одбележа своето враќање на теренот после отсуството поради повреда. Реваншот ќе се одигра на 28. февруари во Торино, а Јуве со овој триумф направи голем исчекор кон своето 18. куп финале, а четврто по ред.

Јувентус е трикратен шампион на трофејот, а вкупно во своите витрини ги има 12. Во второто полуфинале в среда силите ќе ги одмерат Милан и Лацио.

Куп на Италија (сезона 2017/2018)

Полуфинале (први натпревари)

Аталанта-Јувентус 0:1
Милан-Лацио (31. јануари, среда, 20:45 ч.)

Реванш средби:

Лацио-Милан (28. февруари)
Јувентус-Аталанта (28. февруари)

Потсетување, дека финалето ќе се одигра на 9 мај 2018 год. на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Аталанта – Ювентус. Обзор матча. Кубок Италии. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.