Брисел неподготвен за ЕУРО 2020: УЕФА веднаш најде замена!

Европското првенство во 2020. година ќе се одржи во 12 држави, помеѓу најавените беше и Белгија, но таа нема да ужива во мајсториите на најголемите фудбалски ѕвезди.

Иако првобитно Брисел беше претставен како еден од 13. градови домаќини за ЕУРО, од УЕФА одлучија веднаш четирите натпревари кои беа планирани да се одиграат на „Еуростадион“, ќе бидат префрлени на „Вембли“ во Лондон (Велика Британија).

Белгискиот национален стадион требаше да биде реновиран, но европската фудбалска куќа не доби гаранции дека ќе се запази рокот, па на крајот Брисел остана без организација.

„Вембли“ е веќе промовиран и како домаќин на полуфиналните и финалните натпревари. За прв пат во 2020. година ќе се игра ЕП во нов формат по повод одбележувањето на 60. години одржување на шампионатите.

Тоа значи дека нема учесници кои автоматски ќе се најдат на континенталниот собир, туку сите 55 членки на УЕФА вклучувајќи ги и државите чии градови се домаќини ќе играат квалификации кои ќе започнат во март 2019. година и ќе траат до ноември, а најдобрите 20 репрезентации ќе продолжат во натпреварувањето кое ќе биде одржано во 12. градови.

На финалниот турнир ќе се појават 24 национални селекции, па можно е и земјите домаќини да не се квалификуваат. Распоредот на квалификациите ќе биде објавен во декември 2018. во Даблин.