Бразилската ѕвезда Нејмар има „порака“ до Реал Мадрид!

Ѕвездата на ПСЖ Нејмар ги сподели своите цели во новата 2018 година.

Бразилецот рече дека неговата амбиција е да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

Знаеме дека ќе бидат две многу тешки средби, но имаме сила да ги победиме. Тие играат долго време заедно и соработуваат, но ние сакаме да испишеме историја“, рече Нејмар.

После ждрепката, двојката Реал Мадрид-ПСЖ беше една од најинтересните извлечени, првиот дуел ќе се игра на „Бернабеу“ на 14. февруари, а реваншот е во Париз на 6. март 2018 год.

Тој додаде дека и титулата на Светското првенство во Русија, исто така, влегува во неговите планови, но во овој момент големите битки со Реал Мадрид се на прво место.

На Мундијалот бразилската селекција се наоѓа во групата Е со репрезентациите на Швајцарија, Костарика и Србија.