БЛ: Дортмунд „газеше“ и во Хамбург, а Келн закован на дното!

Се одиграа пет натпревари од петтото коло во најсилното германско првенство.

Составот на Келн го претрпе и петтиот пораз овојпат дома од Ајнтрахт Франкфурт со 0:1, а стрелец на голот беше Халер од пенал во 22. минута од средбата.

Продолжува доминацијата на Борусија Дортмунд кој дојде и до четвртиот триумф сезонава на гости кај Хамбургер со 0:3.

Гол-серијата на „милионерите“ ја започна Кагава, потоа предноста ја зголеми Обамејанг, а конечниот епилог го постави Пулишиќ во 79. минута, а воедно Американецот го реализираше 3000. гол на клубот во историјата на Бундеслигата.

Уште поинтересен е податокот што оваа сезона тимот на Дортмунд е единствениот во Топ 5 европските лиги кој што сеуште не знае да прими гол.

Продолжува кризата на Баер Леверкузен оваа сезона, го претрпе и третиот пораз кај Херта Берлин со 2:1. Домаќините водеа со головите на Леки и Калу во првото полувреме после асистенциите на Ибишевиќ, а на спротивната страна стрелаше Бранд по додавањето на Рецос.

Во останатите два мечеви ремизираа Фрајбург и Хановер (1:1), а Хофенхајм со 2:3 го надигра тимот на Мајнц.

На табелата после петтото комплетно коло води Дортмунд со 13 бодови, пред Баерн (12), Хофенхајм (11), Хановер (11), Аугсбург (10), Шалке (9)…

Leave a Reply