Без судиските грешки, Барса многу порано ќе ја обезбедеше титулата во Примера! (ФОТО)

Барселона е се поблиску оваа сезона да ја освои новата шампионска титула во Шпанија, вкупно 24. во својата историја, но да не беа судиските грешки на штета на Каталонците, трофејот во Примера ќе беше досега обезбеден.

Избраниците на тренерот Валверде водат на табелата со 83 освоени бодив после 33. одиграни кола, 12 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид кој има и меч помалку.

Иако на тимот од „Камп Ноу“ му недостасуваат уште само шест бодови во преостанатите пет натпревари со цел и математички да биде шампион, тоа можеше да се случи уште претходно доколку не беа огромните судиски грешки во текот на сезоната кои севкупно „украдоа“ 12 бодови.

-Последната судиска грешка се случи на последниот дуел против Селта кога Барса водеше со 2:1 се до 82. мин. кога капитенот на домаќините Аспас практично со рака донесе израмнување.

Освен споменатиот дуел, каталонскиот гигант беше оштетен на уште пет мечеви:

-Барселона гостуваше кај Лас Палмас (1:1) каде што главниот судија не му додели црвен картон на домашниот голман Чичизола кој играше со рака надвор од казнетиот простор.

-Нова „кражба“ се случи на дуелот против Хетафе на „Камп Ноу“ (0:0) каде што судијата Борбалан (истиот од дуелот во Виго во последното коло) не досуди чист пенал откако Бруно го фаулираше Меси.

-Уште поголем срам се случи на стадионот „Местаља“ каде што цел свет виде чист гол на Меси, но судиите не мислеа така на мечот против Валенсија (1:1).

-Судијата Лахоз одново по втор пат на оваа листа, сега на „Ванда Метрополитано“ каде што фудбалерот на Атлетико Мадрид Савиќ со рака го блокираше шутот на Суарез, не беше досуден пенал, на крајот 1:1.

-И завршуваме со дуелот против Селта Виго на „Камп Ноу“. Конечниот резултат беше 2:2, а при 2:1 беше поништен чист гол на Суарез поради непостоечки офсајд.

Со овие 12. „украдени бода“, Барселона веќе ќе беше шампион и моментно ќе стоеше на врвот со 95 бодови, односно 24 повеќе од „јорганџиите“ и првенството во Шпанија одамна ќе беше одлучено, вака ќе мора да се почека уште малку…

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-ПРИМЕРА ГО ПОТВРДИ ДАТУМОТ И ТЕРМИНОТ ЗА НОВОТО „ЕЛ КЛАСИКО“: ДАЛИ БАРСЕЛОНА ТОКМУ РЕАЛ МАДРИД ЌЕ ЈА СЛАВИ НОВАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА?

Во 36. коло од шпанското првенство на распоредот е дерби мечот помеѓу Барселона и Реал Мадрид на 6. мај од 20:45 часот на „Камп Ноу“.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан веќе ја отфрли можноста дека неговите играчи со аплаузи при излезот од турнелот ќе ги пречекаат шампионите.