Бензема во Реал до 2021, откупна клаузула милијарда евра!

Францускиот фудбалер Карим Бензема го продолжи договорот со Реал на уште две сезони.

Тоа значи дека напаѓачот ќе го носи „кралскиот“ дрес на „Сантјаго Бернабеу“ до Јуни 2021 година.

Досегашниот договор на 29-годишниот играч му истекуваше во 2019-та, а потсетување дека во шпанскиот главен град дојде од Лион во 2009-та год.

Со Реал Мадрид освои 14 трофеи, вклучувајќи три титули во Лигата на шампионите и две во Примера. Претходно соработката со „кралевите“ ја продолжија уште Иско, Марсело и Карвахал.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Бензема ќе заработува 7,5 милиони евра годишно, а неговата откупна клаузула ќе изнесува една милијарда евра.

Leave a Reply