Бенитез го надмудри Мурињо: Јунајтед „падна“ на Ст. Џејмс Парк! (ФОТО, ВИДЕО)

Во рамките од 27. коло во најсилното англиско фудбалско првенство нов пораз за „црвените ѓаволи“.

Њукасл со минимален резултат 1:0 на домашен терен успеа да го совлада фаворитот Манчестер Јунајтед.

Стрелец на голот беше Ричи на „Ст. Џејмс Парк“ стадионот после асистенцијата на Гајл во 65. минута од средбата.

За Мет Ричи ова е првиот гол сезонава и негов вкупно петти во најсилната англиска лига. Воедно уште еден интересен податок, имено Мурињо загубил досега шест пати во средбите со Бенитез во сите натпреварувања, единствено повеќе порази како менаџер доживеал во пресметките со Пеп Гвардиола, вкупно девет.

На табелата после петтиот пораз избраниците на менаџерот Жозе Мурињо се наоѓаат и понатаму на второто место со 56 бодови, четири повеќе пред третопласираниот Тотенхем.

Од друга страна момците на Рафа Бенитез дојдоа до три значајни бодови во битката за опстанок во Премиерлигата, односно моментно се на 13. позиција со 28 бодови, само два повеќе од Саутемптон на 18. место кој што има и меч помалку.

Претходно неделната програма започна со дуелот Хадерсфилд-Борнмут, каде што домаќините триумфираа со убедливи 4:1.

new-mun_1-0_ от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.