Беневенто го освои „Сан Сиро“: Милан си игра со нервите на навивачите! (ФОТО, ВИДЕО)

Вечерва можеби се случи најголемото разочарување на Милан оваа сезона во Серија А…

Во рамките од 34. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство, „росонерите“ иако ја имаа фаворитската улога изненадувачки загубија со 0:1 од „фенерџијата“ Беневенто кој веќе сигурно мисли за наредната сезона во Серија Б, но денеска се погрижија да го остварат најверојатно најголемиот свој триумф во 2018. година. Верувале или не, ова е воедно првиот гостински триумф на Беневенто оваа сезона.

Единствениот гол на „Сан Сиро“ го постигна Јемело после асистенцијата на Виола во 29. мин. од средбата во Милано.

На 10. минути до крајот на мечот, гостите останаа со еден играч помалку поради вториот жолт картон на Диабате, но и покрај таквата предност, избраниците на тренерот Гатузо истата не ја искористија и ги разочараа своите навивачи со 10. пораз во шампионатот.

Овој пораз на Милан им оди во прилог на Аталанта и Сампдорија кои исто така се борат за влез во Европа, засега тимот од „Сан Сиро“ го има шестото место (кое води во квалификациите за Лига Европа) со 54 бодови, пред Аталанта (52), Сампдорија (51), Фиорентина (51)…

Во останатите два дуели од саботната програма, Рома со 0:3 триумфираше кај Спал, а Сасуоло дома минимално (1:0) ја совлада Фиорентина.

Милан – Беневенто. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.