Бејл и дефинитивно си оди од Реал наредното лето?

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Герет Бејл се договорил со Реал Мадрид за разделба наредното лето.

Велшкиот интернационалец и понатаму се поврзува со заминување од „Сантјаго Бернабеу“, во трката за потписот на 28-годишниот напаѓач се наоѓаат Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Играчот и претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез се согласиле дека е најдобро да не биде продолжена соработката.