Беа при врвот, сега се борат за опстанок: Леванте и Барди во нова резултатска криза! (ВИДЕО)

Денеска во 19. коло од најсилното шпанско фудбалско првенство, Леванте повторно ги разочара своите навивачи.

Во текот на оваа сезона избраниците на тренерот Муниз благодарение на своите добри игри беа при самиот прв, дури и пред Реал Мадрид.

Но, повторно редат низа лоши резултати, веќе осум натпревари не знаат за победа, последен пат на три бода во Примера славеа дури во ноември минатата година.

На стадионот во Валенсија претрпеа минимален пораз од Селта Виго со 0:1, стрелец на единствениот гол беше Данецот Систо во 37. минута од средбата.

Македонскиот интернационалец Енис Барди кај домаќините настапи од 84. минута како замена за Дукуре. На табелата Леванте е на 16. место со 18 бодови, само три повеќе од Алавес кој е во опасната зона за испаѓање.

Во следното коло Леванте на 20. јануари ќе му гостува на петтопласираниот во генералниот пласман, тимот на Виљареал.

Леванте – Сельта. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 19 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.