Барселона освои само еден трофеј, а заработи повеќе од Реал Мадрид!

Барселона во сезоната 2016/2017 заработи 708 милиони евра и на тој начин постави нов рекорд.

Каталонскиот гигант на крајот од сезоната 2016/2017 го имаше најголемиот приход од сите фудбалски клубови и така стана првиот клуб кој успеа да ја надмине границата од 700 милиони евра приход, известија генералниот директор Оскра Грау и благајникот на клубот, Енрике Томбас.

Иако Барселона е еден од најбогатите клубови, необично е да се види на врвот на листата годишни приходи, особено што во минатата сезона го освои само Кралскиот куп.

Објаснувањето лежи во продажбата на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра што е истот така рекорд, односно е најголемиот трансфер во историјата.

После одбивањето на даноците и амортизација на трошковите, Барселона од трансфери добила 188 милиони евра, рече Грау.

-ПРИХОД НА КЛУБОВИТЕ во сезоната 2016/2017-

1.БАРСЕЛОНА 708 милиони евра
2.РЕАЛ МАДРИД 674 милиони евра
3.МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 647 милиони евра
4.БАЕРН МИНХЕН 626 милиони евра
5.ПСЖ 550 милиони евра

Да не беше трансферот на Бразилецот, Реал Мадрид би бил прв на оваа листа со освоени две титули (Примера и Лига на шампиони), но во таков случај немаше да биде надмината границата од 700 милиони.

Трет е Манчестер Јунајтед, поранешен најбогат клуб, кој за разлика од Реал претставува еден глобален бренд и не им требаат титули во намерата да се заработат пари. Четврти на листата е Баерн, а петти ПСЖ.

На тој начин забележуваме воедно дека нема италијански екипи во Топ 5 и кои во иднина ќе им биде се потешко да се борат со побогатите клубови.