Барселона е новиот шампион во шпанската Примера! (ФОТО, ВИДЕО)

Каталонскиот гигант е нов шампион на Шпанија…

Барселона со вечерашната победа на „Риазор“ со 2:4 против Депортиво Ла Коруња за 25. титула во најсилната шпанска фудбалска лига (Примера).

Барса тргна офанзивно, и веќе во седмата минута поведоа со 0:1 после прекрасниот гол на Филипе Кутињо. Кога Меси во 38. минута после фантасичната асистенција на Луис Суарез погоди за 0:2 се чинеше дека домаќинот нема што да бара вечерва, но успеа да се врати во игра.

Најпрвин во 40. мин. намали на 1:2, а во 64-та преку Чолак после една одлична акција израмни на 2:2. Меѓутоа, до крајот на мечот повторно на сцена стапија Суарез и Меси, Уругваецот двапати асистираше, а Аргентинецот двапати погодуваше и го поставија конечниот епилог.

Со овој пораз Депортиво и дефинитивно ги загуби шансите за опстанок и заедно со Лас Палмас и Малага следната сезона ќе играат во шпанската Сегунда.

Еве го досегашниот учинок оваа сезона на Меси во Примера: 33 натпревари, 32 голови, 12 асистенции и четири пати остварил хет-трик. Директно 50.6% учествувал во 87-те реализирани погодоци на Барселона во шампионатот.


Депортиво – Барселона. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.