Барселона чекори кон нова шампионска титула во Примера! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 29. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство составот на Барселона дојде до нови три бода.

Избраниците на тренерот Валверде сигурно чекорат кон освојување на нова шампионска титула, откако на „Камп Ноу“ со резултат 2:0 го совладаа Атлетик Билбао.

Се беше решено уште во првото полувреме кога каталонскиот гигант ја обезбеди својата 23. победа сезонава стрелаше преку Пако и Меси.

Барса е единствената и понатаму во шампионатот без пораз, на врвот со 75 бодови, пред Атлетико Мадрид (64), Валенсија (59), Реал Мадрид (57)…, додека Атлетик е на 13. место со 35 бодови.

Барселона – Атлетик Бильбао. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.