Барса броеше до четири, а можеше до 10: Навивачите се „загрижија“ околу Меси! (ВИДЕО)

Барселона и понатаму останува непоразена досега во шпанската Примера…

На својот „Камп Ноу“ со убедлив резултат 4:0 успеа да го совлада Депортиво Ла Коруња.

По двапати во листата на стрелците за каталонскиот клуб се запишаа Суарез и Паулињо, а Меси не реализираше пенал во 70. минута од средбата.

Позитивата можеше да биде уште поголема доколку Меси ги реализираше своите шанси, двапати ја погоди стативата, еднаш пречката, споменатиот нереализиран удар од белата точка, а пропушти уште два „зицери“. Тоа можеби и малку ги загрижи навивачите во пресрет на „Ел Класико“ закажано за 23. декември на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид.

Во останатите дуели од 16. коло: Жирона-Хетафе 1:0, Селта Виго-Виљареал 0:1, Лас Палмас-Еспањол 2:2, додека дуелот Легањес-Реал Мадрид е одложен, поради настапот на „кралевите“ на Светското клупско првенство.

Табела: Барселона 42 бодови, Атлетико Мадрид 36, Валенсија 34, Реал Мадрид 31, Севиља 29, Виљареал 29…

Барселона – Депортиво. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 16 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.