Барди и Леванте обезбедија опстанок во Примера (ВИДЕО)

Фудбалерите на Леванте и наредната сезона ќе играат во најсилното шпанско првенство…

Денеска во рамките од 35. коло во Примера составот на Леванте дојде до уште една победа дома против Севиља со резултат 2:1.

Поведоа домаќините со голот на Роџер во 11. минута, а само пет минути подоцна израмнија гостите благодарение на Фернандез.

Асистентот на првиот погодок за домашната екипа се запиша и во листата на стрелците, Моралес кој го постави конечниот епилог во 74. мин. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот меч против Севиља.

Леванте со овие три бода е на сигурната 16. позиција со 40 бодови, 12 повеќе од Депортиво Ла Коруња кој е во опасната зона за испаѓање на четири кола до крајот на сезоната.

Леванте – Севилья. Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 35 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.