Барди и Леванте го добија ривалот во Копа дел Реј!

Македонскиот репрезентативец и Леванте го добија ривалот во четвртата рунда од шпанскиот Кралски куп.

Енис Барди во 1/16 финалето ќе ги одмери силите против екипата на Жирона, првиот дуел Леванте ќе го игра на гости на 29. октомври, а реванш средбите се закажни за 25. ноември 2017 год.

Од фаворитите актуелниот бранител на титулата Барселона за ривал го има Реал Мурсија, додека пак Реал Мадрид ќе се соочи со Фуенлабрада.

Копа дел Реј, 1/16 финале (двојки):

Кадиз – Реал Бетис

Картахена – Севиља

Депортиво Ла Коруња – Лас Палмас

Елче – Атлетико Мадрид

Форментера – Атлетик Билбао

Фуенлабрада – Реал Мадрид

Хетафе – Алавес

Жирона – Леванте

Леида – Реал Сосиедад

Нумансија – Малага

Понферадина – Виљареал

Реал Мурсија – Барселона

Реал Ваљадолид – Леганес

Тенерифе – Еспањол

Сарагоса – Валенсија