Баерн со победата над Аугсбург ја одбрани титулата во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен ја освоија денеска титулата во Бундеслигата, со победата од 4:1 над Аугсбург во 29. коло.

Најпрвин изненадувачки поведе домаќинот со автоголот на Суле, но следуваше пресврт на гостите благодарение на Толисо, Родригез, Робен и Вагнер.

Баерн има 72 бодови, 20 повеќе од второпласираниот Шалке, кој има натпревар помалку, но и не шанса да го престигне водечкиот.

Фудбалскиот клуб на Баерн Минхен по 28. пат стана шампион на Германија. Ова е шеста титула по ред во Бундеслигата за тој клуб, што е најдолга низа во историјата.

Воедно Баерн ќе има прилика да освои „двојна круна“, бидејќи е учесник во полуфиналето на националниот куп, каде што противник ќе му биде Баер Леверкузен. Исто така, тој клуб игра и четвртфинале во Лигата на шампионите.

Во останатите денешни мечеви од рундата: Келн-Мајнц 1:1, Фрајбург-Волфсбург 0:2, Борусија Менхенгладбах-Херта Берлин 2:1, Хамбургер-Шалке 3:2.

Аугсбург – Бавария | Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.