Баерн Минхен незапирливо „гази“, „милионерите“ имаа лесна задача со Хамбургер! (ВИДЕО)

Се одиграа шест натпревари во саботата од 22. коло на Бундеслигата…

Најголемиот фаворит за титулата и оваа сезона незапирливо чекори кон уште еднаш, откако на „Алијанц“ Арена со 2:1 Баерн беше подобар и од Шалке.

Уште во шестата минута поведоа Баварците преку полскиот интернационалец Левандовски, а на скоро половина час игра гостите израмнија благодарение на Ди Санто.

Во 36. минута конечниот епилог го постави Милер после асистенцијата на холандската ѕвезда Робен за вкупно 18. победа или деветта по ред.

Борусија Дортмунд од 9. декември минатата година не знае за пораз во најсилната германска лига, денеска пред своите гледачи со 2:0 го надигра Хамбургер.

Новото зимско засилување одлично се вклопува меѓу „милионерите“ за почетна позитива ја затресе мрежата на Матениа во 49. мин., а во самиот финиш од средбата (90+2) Геце ги реши сите дилеми околу победникот.

Бундеслига, 22. коло

Сабота, резултати:

Борусија Дортмунд-Хамбургер 2:0
Ајнтрахт Франкфурт-Келн 4:2
Хановер-Фрајбург 2:1
Хофенхајм-Мајнц 4:0
Баер Леверкузен-Херта Берлин 0:2
Баерн Минхен-Шалке 2:1

Табела:

1.Баерн Минхен 56 бодови
2.Лајпциг 38
3.Борусија Дортмунд 37
4.Ајнтрахт Франкфурт 36
5.Баер Леверкузен 35
6.Шалке 34

16.Мајнц 20
17.Хамбургер 17
18.Келн 13

Боруссия Д – Гамбург. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Бавария – Шальке. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.