Азар ќе биде нов договор, а Кандрева е новата „мета“ на Конте!

Челзи е сигурен дека Еден Азар ќе потпиша нов договор со Челзи…

Белгиската ѕвезда на „Стемфорд Бриџ“ треба да добие неделна заработка од 300.000 илјади фунти, пренесува „Сан“.

На тој начин според таквиот договор 26-годишниот Азар би бил над фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол ПОгба како како играч со најголема заработка во англискиот фудбал.

Исто така, како што информира „Калчомеркато“, менаџерот на Челзи, Антонио Конте, посакува да го доведе крилото на Интер, Антонио Кандрева.

30-годишниот фудбалер нема најдобар старт во сезоната и можно е во јануари да се пресели во редовите на премиерлигашкиот шампион.

Во 2016. година дојде во Милано од римската екипа на Лацио за сума од 19 милиони фунти, а и покрај тоа што неговиот клуб славеше 1:0 против Џенова доби свирежи од трибините поради неговите лоши перформанси.