Австралија со „дрон“ шпиунираа на тренингот на Хондурас (ВИДЕО)

Уште три места останаа празни за Светското првенство, а наскоро ќе ги дознаме сите 32 учесници.

Во баражот останаа уште реванш средбите Република Ирска-Данска, Перу-Нов Зеланд и Австралија-Хондурас. На сите три мечеви немаше голови (0:0) во првите 90. минути.

Токму возвратниот дуел кој што ќе се одигра во Сиднеј привлече големо внимание во светската јавноста.

Имено, Хондурас на својата официјална страница објави видео и ги обвинија Австралијците за шпиунирање во текот на тренингот.

На видео записот јасно се гледа „дрон“ над стадионот кој беше присутен во текот на целиот тренинг на Хондурас. Сеуште не се огласиле првите луѓе на австралискиот фудбал: