Атлетико Мадрид ќе купува од Баерн Минхен?

Како што пренесува шпанскиот „АС“, Атлетико Мадрид ја следи ситуацијата со еден фудбалер на германскиот шампион…

Станува збор за 25-годишниот лев бек на Баерн Минхен, Хуан Бернат кој се поврзува со трансфер во дресот на „јорганџиите“.

Токму во Шпанија ја започна професионалната кариера, поточно во Б тимот на Валенсија, а потоа се префрли во првиот состав, каде што во периодот од 2011-2014 год. имаше 51. натпревар и еден погодок.

Од 2014 год. досега за баварскиот гигант има вкупно 72. одиграни мечеви и три постигнати голови. За шпанската најдобра репрезентација има седум натпревари и еден погодок реализиран токму на неговото деби во националниот дрес.

Воедно за 11. милиони евра дојде на „Алијанц Арена“, сезонава стартуваше само на осум мечеви во Бундеслигата, а потсетување наредната година му истекува договорот со Баерн.