Арсенал во потрага по нов голман од Бундеслигата

Арсенал ќе се бори со Атлетико Мадрид и Наполи за потписот на Бернд Лено (17.5 милиони фунти) од Баер Леверкузен, пренесува „Сан“.

Голманот го информирал бундеслигашкиот клуб дека посакува нов предизвик од наредната сезона. Како и да е, спортскиот директор на Леверкузен, Руди Волер вели дека сите досегашни новости околу иднината на Лено се сметаат како „шпекулации“.

26-годишниот чувар на мрежата досега има 212 натпревари, а професионалната кариера ја започна во вториот тим на Штутгарт. Воедно има шест настапи за најдобрата германска фудбалска репрезентација.