Аргентинската ѕвезда Меси против Леванте го постигна 1000. гол! (ФОТО)

Пеле постигнал 1.283 голови во текот на кариерата, фактички го прочитавте еден од најголемите фудбалски митови.

Иако податоците говорат дека Бразилецот постигнал 757 официјални голови, тој тоа не го прифаќа. Во една прилика дури и изјави: „Меси можете да го споредите со мене кога ќе постигне 1.283 голови“.

Е, па сега би можел да се подготви за разговор околу тоа кој е најголемиот на сите времиња, бидејќи Лео Меси во неделата против Леванте го реализираше својот 1.000 погодок во кариерата.

Како што тврди Рамон Мин, холандски новинар кој се посветил на водењето на комплетната статистика на Меси кој има 588 официјални професионални голови, но уште 412 постигнал во текот на настапите за младите категории на Њуел`с и Барселона, во Барселона Б, аргентинските репрезентации У20 и У23, пријателски мечеви на Барселона и во хуманитарните средби.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

400 меч во Примера: Нова година и стариот добар Меси блесна и против Леванте! (ФОТО, ВИДЕО)

Дали сметате дека е комично да му се сметаат сите тие голови? Па ако се тоа критериумите на Пепе, зошто не би биле и критериуми на Аргентинецот?! Бидејќи да потсетиме, Пеле во својата официјална статистика има 526 погодоци реализирани на тренинзи, пријателски натпревари и „комерцијални“ турнеи, па дури се земаат и оние од бразилската војна додека легенедата служеше воен рок.